Еден од клучните ракометари во екипата на Барселона, Аитор Арињо најверојатно ќе ја заврши сезоната поради повреда. Левото крило од екипата на Чави Паскал за време на натпреварот од домашниот шампионат против Синфин се здоби со повреда на левото колено и мораше да го напушти теренот.
Анализите извршени во претходниот период потврдија дека поради скинати лигаменти, Арињо мора да прави операција.
Иако се уште нема официјална информација, левото крило најверојатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари од крајот на сезоната.
28-годишниот ракометар оваа сезона има одиграно 42 натпревари во дресот на Барселона и постигнато 106 голови. Договорот со гигантот од Шпанија му е до 2025 година.