Покрај неколкуте млади ракометари кои беа донесени во текот на ова лето, Барселона продолжува да се засилува и за понатаму. Иако засега се работи само за гласини, сепак, сосема извесно е дека наскоро може да дојде до трансфер.
За голманот на Нант, Емил Нилсен веќе беше јасно дека е на мета на Каталонците, а ново име на листата е десниот бек на Монпелје, Мелвин Ричардсон.
Ракометарот кој е еден од најголемите надежи на францускиот ракомет би можел да се спои со неговиот сонародник Дика Мем и заедно да бидат одличен тандем на позицијата десен бек. Иако игра со лева рака тој покажа дека одлично се снаоѓа и како среден бек и организатор на играта, па ова ќе отвори многу повеќе идеја во играта на тренерот на Барселона, Чави Пасквал.