Убедливите победи на Барселона веќе неколку години не се новост во Асобал лигата. Последната во таквата низа беше убедливата победа над Ваљадолид со 50-24, предводена од некогашниот стратег на Вардар, Давид Писонеро.
Иако на почетокот на мечот кога беше 7-6 не се навестуваше катастрофа на гостите, сепак на крајот разликата беше дури 26 погодоци во корист на каталонскиот гигант.
Освен Сорендо и Петруш, сите други ракометари на Барселона се запишаа во листата на стрелци. Најмногу се истакнаа Јанц и Циндриќ со по седум погодоци.
Во тимот на Писонеро најмногу голови постигна Угарте, вкупно шест.