Белорускиот репрезентативец Вјачеслав Бохан би требало да биде нов кружен напаѓач на шпанскиот гигант Барселона.
Иако тој беше блиску до потпис со романскиот шампион Динамо Букурешт, сепак веројатно ќе игра во Каталонија од следната сезона.
Бохан има 26 години (206 цм/100кг), потекнува од составот на СКА Минск, чиј дресот го носеше до 2020 година кога замина во Мотор Запорожје, а во СКА Минск играше и последната полусезона.
Барса оваа сезона имаше големи проблеми на линијата од шест метри по повредите на Лудовик Фабрегас и Луиш Фраде, па беше ангажиран Јусуф Бен Али.
Бен Али заминува во францускиот Екс Ан Прованс, па шпанскиот тим реши да го ангажира белорускиот репрезентативец.