Откако вчера ги објави екипите што ќе бидат дел од новата сезона во Лигата на шампоните, денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите пред ждрепката.
ЕХФ соопшти дека форматот за новата сезона останува ист како и во изминатите две сезони.
Претставникот на Македонија, голманот Никола Митревски со Порто се наоѓаат во вториот шешир пред ждрепката.
За новата сезона останува да важи правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група.
Ждрепката ќе се одржи на 1 јули во Виена од 11:00 часот. Во новата сезона титулата ќе ја брани старо-новиот шампион Барселона.