Францускиот репрезентативец Дика Мем го продолжи договорот со Барселона и ќе остане во шпанскиот гигант до 2027 година.
Тој дојде во Барса на 19 години, во 2016 година и доколку го комплетира новиот договор ќе биде член на каталонците повеќе од една декада.
Десниот бек, за кој се шпекулираше дека би можел да се врати во татковината во дресот на ПСЖ, сепак се реши да остане во клубот со кој досега освои 33 титули во сите конкуренции.
„Се чувствувам како дома во Барса, пораснав овде како играч и како човек, но сакам уште повеќе да се развивам. Сакам да направам историја во овој клуб и да оставам трага“, вели Мем.
Барса ја чека реванш средба со германскиот Фленсбург во четвртфиналето на ЛШ, но по триумфот на гости, пласманот во Келн е многу блиску.