Поранешниот голман на Вардар и алжирски репрезентативец Калифа Гедбан, од следната сезона би можел да застане на голот на каталонскиот гигант Барселона.
„Радио Леон“ пишува дека Барса го посакува членот на Адемар Леон, кој брани во одлична форма оваа сезона како замена за Данецот Кевин Мелер, кој пак се сели во бундеслигашот Фленсбург.
Шпанскиот тим го има договорено трансферот на Емил Нилсен од 2022/23 сезона, па бара голман за краткорочно решение за следната сезона да формира дуо со Де Варгас.
Гедбан, кој мина две сезони во Вардар, има уште една сезона договор со Адемар Леон. Овој тим ја одреди висината на обештетувањето ако некој клуб сака да го ангажира Алжирецот. Па доколку Барса го сака Гедбан во своите редови ќе мора да му плати на Адемар 100.000 евра.