Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Еден од фаворитите за трофејот, словенечкиот Горење ќе има тешка задача во четвртфиналето бидејќи налета на квалитетниот српски првак Војводина од Нови Сад.
Сепак олеснителна околност за Горење е тоа што српскиот тим нема да може да игра со публика на домашен терен поради казната од ЕХФ по дуелот со австрискиот Кремс.
Ланскиот освојувач на трофејот во ова натпреварување, норвешкиот Нербо ќе се соочи со хрватскиот Сесвете.
Првите мечеви од четвртфиналето с на 18/19 март, додека реваншите се на 25/26 март, а полуфиналните двобои ќе се играат на 15/16, односно 22/23 април.
ЕХФ Европски Куп:
Сесвете – Нербо
Карвина – Рунар Сандефјорд
Алингсас – Дукла Прага
Војводина – Горење
Карвина/Рунар Сандефјорд – Сесвете/Нербо
Алингсас/Дукла Прага – Војводина/Горење