Хрватска ракометна легенда Ивано Балиќ е дел од стручниот штаб на Хрвоје Хорват кој ја води селекцијата на Хрватска.
Тој смета дека процесот со промената на генерацијата ќе трае уште некое време во националниот тим, но не се согласува дека ова ЕП не е регуларно, како што смета македонскиот Кире Лазаров.
„Не би се согласил дека Европското првенство не е регуларно. Такво е какво што е, сите имавме проблеми. Нас не зафати прв коронавирусот, но што можевме да направиме? Мора да се прилагодите и да се снајдете најдобро што можете. Условите се исти за сите. Како фаворити би ги издвоил Данците поради тоа што имаа најмалку проблеми и поради тоа што загубија најмалку играчи за време на турнирот“, вели Балиќ за хрватскиот „Индекс“.
Хрватска утре го игра последниот натпревар на Европското првенство против Холандија.
Лазаров: Најважно е да не ја изгубиме главата во овој хаос, ЕП е чудно и нерегуларно