Поранешниот играч на Металург, Јануш Лапајне на крајот од сезоната го напушта составот на Криенс Луцерн и се сели во тимот на Базел.
Средниот бек потпиша двегодишен договор со швајцарскиот клуб. Лапајне ќе ја дели соблекувалната со Александар Шпенде кој исто така го носеше дресот на клубот од Автокоманда.
Јануш Лапајне своевремено важеше за голем талент на словенечкиот ракомет, но неговата кариера не го доби посакуваниот тек.
Во својата кариера има играно за францускиот ПСЖ, словачкиот Татран Прешов, Металург и Криенс Луцерн.