Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Татабања со 25-21, па сега ќе мора да чека два порази на Ним во последните две кола, за да остане во игра за првото место на табелата во групата Д.
Тренерот Жељко Бабиќ вели дека домаќинот заслужено славеше и дека неговите играчи имале проблеми во нападот.
„Заслужена победа за Татабања, се бореа за секоја топка. Ние трошевме многу енергија во одбраната, и не можевме да правиме брзи напади и да трчаме многу. Беше тешко да се игра шест на шест во текот на целиот меч. Татабања игра многу агресивна одбрана, со многу енергија, па затоа имавме големи проблеми во нападот“, изјави Бабиќ.
Последниот предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде домашниот натпревар против грчкиот АЕК Атина во Битола на 8 март.