Еурофарм Пелистер загуби вторпат во Лигата на Европа. По поразот од ГОГ Гудме, и ремито со Кадетен Шафхаузен, избраниците на Жељко Бабиќ беа поразени од Рајн Некар Левен со 28-20.
Бабиќ смета дека лошата партија во нападот е причината за убедливиот пораз од бундеслигашот.
„Сакам да им ја честитам победата на ракометарите на Рајн Некар, таа беше потполно заслужена. Нашиот напад беше најлошата алка од играта, правевме премногу грешки и ако сакаш да играше сериозен натпревар против РНЛ, мора да играш подобро во напад. Во одбраната бевме солидни. Покрај се, беше задоволство да се игра против РНЛ и овој натпревар ќе ни биде од голема корист како подготовка за следните натпревари“, изјави Бабиќ.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај составот на Тримо Требње во Словенија.
Еурофарм Пелистер немоќен во Манхајм, Рајн Некар убедливо до бодови