Со натгпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер денеска стартува вториот дел од сезоната во СЕХА-лигата кој првпат се игра во нов формат и со елиминации на патот кон Ф4 турнирот.
Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека неговите ракометари се подготвени за предизвикот.
„Имам голем респект за Нексе, искусна екипа предводена од тренерот Хрвоје Хорват. Тие играат одлична одбрана, а знае да напаѓа и со седум ракометари во поле и можам да кажам дека Нексе е фаворит на првиот меч. Како и да е, и ние сме одлично подготвени. Добро работевме во овој подготовителен период и одигравме неколку тест натпревар на кои испробавме нови комбинации за овој натпревар“, вели Бабиќ.
Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра денеска со почеток во 15:00 часот.