Еурофарм Пелистер загуби кај швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен со 29-26 и за ривал во осминафиналето во Лигата на Европа го доби Магдебург.
Стратегот на битолчани, Жељко Бабиќ, вели дека германскиот тим добил лош ривал во следната фаза.
„Горд сум на моите играчи, направивме добар резултат во групната фаза и сега ни следи осминафиналето. Наш противник е тимот на Магдебург, а тоа значи дека германскиот тим доби лош противник“, изјави Бабиќ.
Натпреварите од осминафиналето се играат на 23 и 30 март, во Битола односно Магдебург.