Екипата на Подравка, која е предводена од поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, беше поразена во Загреб од Локомотива, со резултат 22:20, во рамки од 9. коло во шампионатот на Хрватска.
Иако избраничките на Бабиќ до 55 минута имаа резултатска предност, сепак, домашниот тим со пресврт во финишот успеа да стигне до нова победа во тамошниот шампионат.
Откако беше 20:20, гостинскиот тим од Копривница во неколку наврати не успеа да дојде до реализација, додека ракометарките на Ненад Шоштариќ со два гола во низа, кои беа дело на Биртиќ и Малец, дојдоа до посакуваната цел и го презедоа лидерското место на табелата.
Локомотива Загреб, во која настапува и ракометарката од Македонија, Андреа Седлоска, сега на табелата има 18 бода, Подравка со 16 бода се наоѓа на второ место, а на 3. позиција со 14 бода е тимот на Сплит.