Хрватскиот тренер во тимот на Еурофарм Пелистер сезонава ќе биде пред нов предизвик, да се исполни сонот на навивачите во Битола кои со нетрпение го очекуваат првиот трофеј по повеќе од една деценија со што повторно ќе се израдуваат на успехот на својот миленик.
Пред почетокот на подготовките доведени се неколку квалитетни засилувања, тимот ќе игра на три фронта од самиот почеток, најави дека за да се оствари успех ќе треба да се игра поразлично од противникот. Ќе се задржи доброто, ќе се унапреди играта, а одбраната ќе остане на високо ниво.
Кои се приоритетите сезонава? Како размислува Бабиќ во однос на тоа што сезонава играчите ќе треба да имаат 70 натпревари, може ли да се оди чекор напред во СЕХА лигата и Лига Европа, што треба за да се победи тим кој има 5-6 милиони буџет?
Победите се составен дел од животот на секој тренер. Секој сака да победува. Но, тоа не е единственото…
Интервјуто со Жељко Бабиќ можете да го погледнете во видеото во продолжение.