Хрватскиот тренер Жељко Бабиќ кој во еден период беше и тренер во Битола (Еурофарм Пелистер) машкиот ракомет го замени со женски и сега е предводник на Подравка.
Тој во периодот од 2015 до 2017 година беше на клупата на хрватската репрезентација, а негов најголем успех беше бронзата на Европското првенство 2016 година. Во дуелот за бронза Хрватска ја победи Норвешка со 31:24, а претходно имаа и блескава партија и победа од 37:23 против Полска.
Бабиќ за време на селекторскиот мандат беше познат и по верските изјави и благодарноста кон Богородица (Госпа). За својата тренсерска кариера како што знае самиот Бабиќ да каже има неколку важни фактори.
Отец Златко е многу важна карика, тој тоа го предвиде. Во 2002 година најави буквално се, но јас не му верував. Затоа тоа го изјавив и на телевизија. Отец Златко тогаш кажа дека ќе бидам успешен тренер, а јас не бев ниту блиску, уште бев играч – ракометар. Можам да споменам и зошто е Меѓугорје споменато. Таму има многу вистина. Меѓугорје ме оздраве и ме донесе до патот да бидам селектор. Мора да напоменам – направив фантастична тактика за дуелите со Норвешка, Полска и Франција, дека ја знаев вистината од 2002 година односно 14 години порано дека ќе освојам медал со Хрватска. Тоа место – Меѓугорје ако ништо друго е познато бидејќи таму доаѓаат милиони луѓе, истакна Бабиќ.