Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија победа на првиот меч во регионалната СЕХА лига, откако славеа против Партизан со 23-25 во Белград.
Тренерот Жељко Бабиќ вели дека „Чкембари“ направиле убава атмосфера и дека се чувствувале како дома.
„Беше убаво да се игра во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и направија да се чувствуваме како дома, а тоа не е мала работа. Натпреварот го одлучи нашата дефанзива и смиреност. Кога Партизан се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и на крајот заслужено победивме“, изјави Бабиќ.
Средниот бек Јосип Периќ е задоволен од триумфот и остварената цел.
„Мораме да бидеме среќни на крајот. Одлична атмосфера и одлична игра на Партизан. Беше задоволство да се игра вечерва овде. Среќни сме поради победата“, вели Периќ.
Следен предизвик за битолчани во СЕХА ќе биде на 10 март, кога ќе го пречекаат словачкиот Татран Прешов.