Бабиќ: Бевме подготвени да „изгинеме“, ова е огромна победа за Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, за натпреварот против Вардар имаше добра тактика во свои раце и успеа со неговите избраници во СЦ „Јане Сандански“ да обезбедат голема победа, со резултат 23:24 (11:12). Искусниот стратег на „фармацевтите“ имаше пофалби зборови за своите играчи, кои според него, одиграа одлично во одбраната. Еурофарм Пелистер е многу блиску до освојување на посакуваната титула, но за таа цел ќе треба да го даде својот максимум на реванш натпреварот против Вардар во Битола, како и да одработи на висина на задачата во останатите натпревари против другите екипи во Суперлигата.