Прволигашот Вардар Неготино по лошиот старт на пролетниот дел од сезоната и четирите порази во плеј-офот, се реши за промена на клупата.
Нов тренер на неготинци ќе биде Аце Станковски, кој во меѓувреме замина од тимот на Скопје 2000, кој исто така игра во плеј-офот во Првата лига.
Станковски ќе се обиде да го подобри билансот на Вардар Неготино во продолжение од сезоната и ќе работи во тандем со Ратко Велјанов, кој досега го водеше тимот.
Некогашниот македонски репрезентативец има големо искуство и покрај селекторската функција во женската кадетска селекција, работеше во Вардар Јуниор, Вардар и ЖРК Вардар.
Прв испит за новиот тренер на неготинци ќе биде токму дуелот во Неготино со поранешниот клуб, Скопје 2000.