Одличниот организатор на играта Аугустин Касадо, кој летово требаше да се пресели во белорускиот првак Мешков Брест, веројатно ќе замине во унгарскиот гигант Веспрем.
Поради актуелната ситуација со руските и белоруските клубови, трансферот на Касадо нема да биде реализиран, па Шпанецот би требало да го облече дресот на Веспрем, иако останува нејасно дали тоа ќе биде ова или следното лето кога заминува Расмус Лауге Шмит.
Покрај Хорхе Македа и Дејан Манасков, на излезна врата се и пивотмените Андреас Нилсон и Блаж Благотиншек, кои имаат договори до 2023 година. Сепак доаѓањето на Драган Пешмалбек и Лудовик Фабрегас, го прави многу веројатно заминувањето на шведскиот и словенечкиот пикер.
Место Манасков, доаѓа Бјарки Мар Елисон, а на место Штрлек, чиј договор истекува во 2023 година, би требало да дојде Уго Деска, кој го бара и ПИК Сегед. Останува отворено прашање е кој ќе биде замена за Македа, кој оди во францускиот Нант. Од претходно беа потврдени трансферите на левиот бек Јахја Елдера и десното крило Никита Вајлупов.