АТРАКЦИЈА што ретко се гледа: Пранди со шрауба „а ла Кастратовиќ“ (ВИДЕО)

Францускиот првак ПСЖ ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, откако славеше над Висла Плоцк со 37-33.

Еден од подобрите поединци во домашниот тим беше Елохим Пранди, кој успеа шест пати да се запише во листата на стрелците.

Еден од погодоците беше посебно убав. Французинот успеа да погоди со шрауба од десната бековска позиција, иако шутира со десна рака.

Овој погодок потсети на оној на Индира Кастратовиќ во Лигата на шампионите против Ференцварош од сезоната 2001/02, кога Кометал Ѓорче Петров стана европски првак.

Погледнете…