Атракција на Дибиров – со ролинг се ослободи од чуварот и стрелаше во голот на Мотор (ВИДЕО)

Ракометарите на европскиот првак Вардар водат против Мотор Запорожје со 16-11 на полувремето од натпреварот од 12. коло во Лигата на шампионите. Еден од поубавите погодоци во првиот дел беше дел на Тимур Дибиров, кој се избори за една украдена топка со многу повисокиот Аденас Малашинскас, а потоа со ролинг стрелаше во голот на Комок.