АТРАКЦИЈА на Дибиров – гол со пируета од пикер (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар во завршните минути од наптреварот со Елверум обезбедија убедлива победа од 39:30 во 14. коло од Лигата на шампионите. Гостинските ракометари тргнаа на сè или ништо и многу грешеа во завршницата, тоа го искористија вардаци за лесни погодоци и атракции. Еден напад на Оливие Њокас и Тимур Дибиров беше исклучително атрактивен, левиот бек го проигра Дибиров кој се уфрли на втор пикер и во трк со пируета постигна одличен погодок. Акцијата погледнете ја во следното видео.