Атракција во Кисела Вода – Цепелин од контра во режија на Стојаноски и Осман (ВИДЕО)

Тимот на Јуниор Кисела Вода загуби дома со 22-31 од составот на Охрид, но сепак домашните ракометари го имаа потегот на натпреварот. Во 7. минута, голманот Александар Стојаноски, кој имаше солидна партија, упати топка до левото крило Намик Осман, кој ја прифати во скок и го совлада гостинскиот чувар на мрежата Даниловски. Погледнете....