Атракции во СЕХА – „вртенките“ на Дибиров и Граџан, проектилот на Векиќ… (ВИДЕО)

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига ги објави најдобрите десет погодоци во ова натпреварување за месец март. Меѓу нив се три погодоци на ракометари од македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер - „вртенките“ на Тимур Дибиров против Мотор Запорожје и Елмир Граџан против Металопластика, како и проектилот од десет метри на Јосип Векиќ. Во ТОП 10 се најдоа и головите на Бакиќ и Баришиќ Јаман од Нексе, Пуховски и Денисов од Мотор Запоржје, Ратковиќ од Војводина, Пачеко од Татран, Воркапиќ од Металопластика. Погледнете....