Павел Атман по само седум месеци поминати во Вардар го напушти клубот и се враќа во својата татковина. Следен негов клуб ќе биде Спартак Москва кој полека создава конкурентен тим.
Веднаш по објавувањето на трансферот Атман за руските медуми говореше за причините за заминувањето.
„Денеска ги добив документите од Вардар и сега ќе може да се реализира трансферот во Спартак. Во четврток планирам да тргнам со автомобил за Москва, а семоејството ќе пристинге наредната недела. Иднината на клубот е неизвесна и има многи неодговорени прашања. Ситуацијата во моето семејство е специфична, очекуваме второ дете кон крајот на јуни. Неопходно беше да се донесе одлука. Имав понуда и сите одлучивме да одиме во Москва“, рече Атман.
Русинот го коментираше можното заминување и на другите играчи и за тоа од кога траат финансиските проблеми.
„Од македонските медиуми слушнав за заминувањето на Кристопанс, тешко е во овој момент да кажам за останатите момци но веројатно и тие ќе заминат доколку продолжат проблемите. Никој не знае до кога ќе биде вака. Седум месеци немам земено плата, ниту една откако пристигнав. Сергеј Самсоненко ги потпиша документите и вети дека до крајот на сезоната се ќе биде испплатено“, заврши Павел Атман.
Вардар е во многу тешка ситуација, а го очекува важен натпревар во Лигата на шампионите против Мотор Запорожје на кој со победа ќе обезбеди пласман во нокаут фазата.