Среда место да биде среќен ден, испадна најлошиот ден за Вардар во последните неколку години бидејќи двајца важни ракометари си заминаа од таборот на „црвено-црните“.
Павел Атман и Даинис Кристопанс го напуштија бродот на актуелниот првак од Лигата на шампионите и решија да ја побараат својата среќа во друг клуб, па шампионот ќе мора да десеткуван да се бори за пласман во осминафиналето од најсилното клупско натпреварување.
Со заминувањето на Атман и Кристопанс остана прашањето кој ќе биде играчкиот кадар со кој Вардар ќе им се спротистави на Мотор Запорожје, Порто и Монпелје до крајот на групнта фаза во Лигата на шампионите. Засега другите ракометари се тука, а спречен да настапи е Дисингер кој е повреден.
Не е тајна дека понуди имаат уште неколку ракометари. Стоилов денеска на прес изјави дека сите оние кои ќе играат против Мотор ќе останат во Вардар барем до крјот на сезоната, но дали ќе биде така, сепак останува да видиме.