Павел Атман се врати во репрезентацијата на Русија меѓутоа оваа репрезентација нема да одигра натпревар поради санкциите за воената интервенција на руската армија во Украина, па во овој период руските репрезентативци одработуваат само припреми.
Ракометарот кој дел од својата кариера помина и во Македонија уште еднаш порача дека спортот треба да остане надвор од политиката.
„Ако не се земе во предвид поразот на фајнл-форот во Купот на Русија тогаш се е во најдобар ред. Веќе се насочив кон работата во репрезентацијата. Постепено се помируваме со одложувањето на натпреварите. Нормално дека сме вознемирени, но не можеме да влијаеме на ситуацијата, се што можеме е да продолжиме да работиме. Моето мислење од почетокот е исто – спортот треба да биде надвор од политиката. Треба да бидеме спремни за можното враќање“, изјави Атман.
Aтман во Македонија настапуваше за Металург и Вардар, во Автокоманда се задржа две години во таборот на црвено-црните една.