Атингре е херој на Будуќност, одбрани зицер во последната секунда за триумф!

По паузата поради Европското првенство 2022, денес продолжија натпреварите во Лигата на шампионите во женска конкуренција. На денешната програма кај дамите беа одиграни пет натпревари, четири дуели од групата Б и еден дуел од групата А.

Екипата на Локомотива Загреб, во која настапуваат трите ракометарки од Македонија, Сања Дабевска, Леонида Гичевска и Андреа Седлоска, го запиша седмиот пораз, откако на домашен терен беше поразена од Есбјерг со 30:18.

На овој натпревар не настапија Дабевска и Гичевска, додека Седлоска од пет обиди имаше само една реализација. Во победничката екипа најефикасни беа Хени Рејстад со седум и Мете Транборг со пет погодоци.

Црногорскиот шампион Будуќност го совлада дебитантот Сторхамар со 24:23 и стигна до третата победа во новата натпреварувачка сезона од елитното клупско натпреварување. Норвешкиот претставник имаше напад за реми, но голманката на Будуќност, Армен Антигре во последните секунди го сопре ударот на Оливиа Лефгвист и му донесе на својот тим важни два бода.

Најефикасни во Будуќност беа двете репрезентативки на Црна Гора, Милена Раичевиќ со седум и Матеа Плетикосиќ со шест погодоци. На голот, Армен Антигре имаше 16 интервенции. Во поразениот табор, голманката Марие Расок имаше 11 одбранети удари.

Францускиот Мец и норвешкиот Вајперс Кристијансанд имаа лесни задачи со турскиот Кастамону, односно чешкиот Мост, додека унгарскиот Ѓер мораше да се помачи за победа против незгодниот романскиот тим Рапид Букурешт, на кој не му помогна ниту Естевана Полман.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, РЕЗУЛТАТИ, 7. КОЛО:

ГРУПА А

БАЊИК МОСТ – КРИСТИЈАНШТАД 21:43 (15:20)
КРИМ – ОДЕНСЕ (04.12.2022)
БИТИГХАЈМ – БРЕСТ БРЕТАЊ (04.12.2022)
ЧСМ БУКУРЕШТ – ФТЦ (04.12.2022)

ГРУПА Б

ЛОК. ЗАГРЕБ – ЕСБЈЕРГ 18:30 (8:14)
БУДУЌНОСТ – СТОРХАМАР 24:23 (12:11)
ЃЕР – РАПИД 32:30 (18:15)
MEЦ – КАСТАМОНУ 35:24 (18:14)