Атанасијевиќ направи мајсторија, си поигра со одбраната на Вардар (ВИДЕО)

Организаторот на играта на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ имаше одлична средба против Вардар и со шест гола ги предводеше стрелците на победничкиот соств. Еден гол беше особено убав. Го постигна во клучни моменти кога и поискусни играчи тешко дека би се решиле така да шутираат кон голот на противникот. Тој успеа да си поигра со одбраната на Вардар, а потоа да упати топовски удар и да го совлада Томовски. Шут каков што знаат да изведат вистинските мајстори.