Атанасијевиќ за 24Ракомет ТВ: Од Џомба многу научивме, Македонија треба да се гордее со таква легенда (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија со победа против Турција од 30:27 го потврди второто место во квалификациската група за Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија. Македонија обезбеди ново учество на континенталните собири, а тоа ќе значи голема шанса, но и мотивација за помладите ракометари да стекнат поголемо искуство. Еден од нив е членот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ, кој најави голема борба на EП. Целосната изјава на Атанасијевиќ може да ја погледнете на видеото во продолжение...