Астраион ги испоти аеродромци, но гостите си заминаа од Струмица со бодови

Ракометарите на Аеродром мораа добро да се испотат за да успеат да стигнат до бодови на гостувањето во Струмица каде наидоа на силен отпор, а обезбедија триумф со само 28:27.

Аеродром беше фаворит на хартија на овој дуел, но на теренот не одеше така бидејќи домашните покажаа расположеност за надигрување. Целопрво полувреме мина во неизвесност, а откако во првите минути водеше Астраион, Аеродром ја презеде иницијативата и до крајот на првите 30 минути беше во предност. На одмор замина со 15:13.

Во вториот дел од средбата Аеродром имаше контрола на резултатот. Рано дојде до предност од шест гола и поведе со 24:18. Сепак, овие шест гола не дадоа многу сигурност. Мораше да се одработи до крај на максимум.

Домашните во финишот одиграа добро и успеаја да се вратат во ритам. Сепак, беше доцна за да успеат повеќе од намалување на еден гол разлика. Меѓутоа успеаја да ги испотат противниците бидејќи стигнаа до резултатот кој донесе многу интересен финиш.

АСТРАИОН – АЕРОДРОМ            27:28 (13:15)

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

АСТРАИОН: Перовановиќ, Гоџиров, Пецанов, Котевски 3, Ончев 9, К. Катранџиев 1, Д. Катранџиев 2, Цонев, В. Стојанов, М. Стојанов 9, Манчев 1, Мастев 2

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 6 мин.

АЕРОДРОМ: Богдановски, Павличковски, Илиевски, Ивановски, Огненовски, Божинов, Бучуковски, Пејковски 4, Симоновски, Петровски 3, Миноски, Олтовски 7, Маркудов 4, Василев, Петрески 5, Митревски 5

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.