Во интересен натпревар со постојана резултатска тензија и пресврти екипата на Астраион се избори за три бода на гостувањето во Скопје кај тимот на Јуниор Кисела Вода и успеа да го зацврсти првото место во Групата 1 каде што веќе има обезбедено место во плеј-офот. Триумфот беше обезбеден со 25:23.
Првото полувреме мина во израмнета игра. И двете екипи имаа свои периоди при што дојде до постојани промени во водството. Домашните најголемата предност ја имаа од два гола, а исто таква предност имаа и гостите така што никој не направи повеќе од два гола позитива.
На одмор се замина со 12:11 за Астраион, а гостите го имаа расположениот Мите Караиванов кој со десет гола доминираше кај стрелците и го предводеше тимот до триумф. Со 25:23 откако вториот дел исто така беше израмнет како првиот само беше потврдена победата во која гостите одработеа одлично за да се зацврстат на врвот.
Астраион може мирно да ја финишира сезоната во овој дел така што напролет последните две кола ќе бидат формалност. Затоа, пак, Јуниор Кисела Вода ќе има тешка задача бидејќи ќе треба да тргне многу посилно за да се избори за место во плеј-офот.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – АСТРАИОН 23:25 (11:12)
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Затаракоски, Костадиновски, Дабевски, Витанов 1, Благопетров 2, Крстевски, Јордановски, Чапов, Трајковски 5, Јаховиќ, Костадинов, Крстов 1, Трајчевски 2, Адријан 4, Атанасовски, Башевски 8.
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 10 мин
АСТРАИОН: Димовски, Перовановиќ, Гоџиров, Наков 4, Рингов, М. Караиванов 10, Кавазов 1, Ончев 4, Катранџиев 1, Ефтимов, Котевски, Кочев, Касапов, Велков 5, Димитриев, Бонев.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.