Ракометарите на Астраион на незгодното гостување во Гевгелија триумфираа против Партизан со 32:31 (13:15) во натпревар од 16. коло од Првата лига.
Гостите имаа контрола на резултатот уште од самиот старт, домаќинот парираше, но не доволно за да оствари поволен резултат и во најголемиот дел од натпреварот заостануваше на три до четири гола разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Марко Стојанов со осум погодоци, по шест реализации имаа Васко Стојанов и Васе Наков. Кај Партизан се истакна Марко Михајловиќ со седум погодоци.
Клубот од Струмица уште од поодамна имаше обезбедено место во плеј-оф фазата од прволигашката конкуренција.
Астраион со новата победа дојде до 21 бод на свое конто, ист број на бодови има и четвртопласираниот Металург РА, но тимот од Автокоманда до крајот од регуларниот дел треба да одигра уште два натпревари, додека Астраион уште еден, против Драчево.