Екипата на Астраион од Струмица во новата сезона ќе дебитира во Супер машката лига, а овој клуб наполни пет години.
Клубот беше формиран во септември во 2015 година така што во својата петта година ќе може да игра во елитното друштво и да се обиде да озбезбеди опстанок. Ова ќе биде интересна сезона така што е јасно дека и Астраион ќе има што да покаже.
Минатата сезона, Астраион имаше одлични игри во Првата лига и пред прекинот на првенството се наоѓаше на лидерската позиција во едната од групите. Воедно важеше за фаворит за пласман во Супер машката лига заедно со ГРК Тиквеш.