Ракометарите на Астраион во натпревар од 15. коло од Првата лига немаа никакви проблеми против Борец и забележаа висока победа од 45:13.
Неизвесно беше до 2:2, потоа домаќинот влезе во ритам, направи серија од 11:0, се одлепи на 13:2 и веќе тука ја завери победата.
Борец поради краткиот ростер немаше сили да направи нешто повеќе и капитулираше во првата половина од првиот дел.
Домаќинот во ниту еден момент не се опушти и на полувреме замина со предност од 19:8.
Вториот дел беше сличен како првиот, гостинскиот состав од Велес немаше многу опции за игра, се почесто правеше грешки и домаќинот знаеше како да ја искористи лошата игра на противникот.
Најефикаснен во победничката екипа беше Илија Пандев со седум погодоци. Во составот на Борец се истакна Леон Ристов со шест гола.