Екипите на Астраион и Вардар Неготино после подготовките ја имаа првата контрола пред стартот на новата сезона. Домашните се изборија за триумф од 30:27 во натпревар во кој и на двете страни тренерите ги пробаа сите ракометари.
Во текот на сите 60 минути имаше ротирање на теренот во обид да се проверат сите играчи за да се види формата на играчите, па тоа беше шанса да се види до каде е стигнато со работа.
Астраион беше подобар од противникот и дојде до победа, па ова е добра мотивација пред стартот на сезоната.
Вардар Неготино во новиот шампионат влегува со улогата на фаворит бидејќи во Првата машка лига конкуренцијата ќе ја има главно во Аеродром.