Екипата на Астраион иако некомплетна покажа дека може да биде сериозен ривал за секого иако не е во комплетен состав. Денеска имаше предност од 17:13 на полувреме во Радовиш и водеше до 40. минута, но потоа следуваше силно темпо од домашните и убедлива победа од 36:27.
Двете екипи добија по едно полувреме. Астраион со неколку помлади ракометари во тимот зададе удар во првите 30 минути и дојде до предност, која на крајот од првиот дел изнесуваше четири гола, 17:13.
Домашните тргнаа засилено на почетокот на вториот дел. Почнаа да ја намалуваат негативата и после 40 минути игра израмнија на 20:20. Тука работите тргнаа во подобра насока за радовишани.
До крајот на средбата гостите не можеа да следат и примија многу голови. На тој начин тимот на Радовиш успеа да се избори за голем пресврт и до крајот на натпреварот да стигне до високи девет гола.
Конечните 36:27 беа доказ за она што беше сработено на теренот и на тој начин се дојде до нови бодови за составот на Радовиш, кој останува во трка за пласман во плеј-офот.