Тимот на Астибо, кој минатата сезона беше второ место во плеј-аутот во Женската лига, во новата сезона влегува со зголемени амбиции.
Штипјани пред стартот на сезоната го засилија ростерот со три ракометарки, кои треба да му дадат повеќе опции на тренерот Дејан Величков.
Нови ракометарки во Астибо се сестрите Тамара и Анастасија Богоевски, кои потекнуваат од младинската школа на Металург и настапуваат на крилната и бековската позиција, како и Тамара Стоилковска која исто така е крило.
Во првото коло штипјанки на домашен терен го очекуваат составот на Скопје, кој минатата сезона исто така беше дел од плеј-аутот и заврши на четвртото место.
Натпреварот меѓу Астибо и Скопје се игра в недела во салата „Тошо Арсов“ со почеток во 12:00 часот.