Женскиот тим на Астибо и машкиот тим на Текстилец, како и нивните гости од Велес и Кочани ќе бидат дел од хумана мисија.
Штипјани организираат турнир што ќе има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на нивниот сограѓанин Кристијан Коцев, кој боледува од ретка болест.
Покрај пионерските екипи на Астибо и Текстилец, на овој настан свое учество ќе земат и Бисинов од Велес, како и Старк од Кочани.
Турнирот ќе се одржи во среда, во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов“ со почеток во 18:30 часот, а цената на билетот е 100 денари.