Натпреварите од најсилната лига на Шпанија кои преостанаа до крајот на сезоната би требало да бидат одиграни во текот на јуни и јули, а ова е предлог од страна на раководните лица на Асобал. Предлогот е да се играат средбите зад затворени врати, но со посебен безбедносен протокол за да нема несакани последици по здравјето на ракометарите и другите ракометни работници.
Веќе се одставени прашалници до клубовите и се очекува од нив да се изјаснат околу начинот на кој ќе се играат натпреварите односно на кој лигта би била финиширана.
Доколку клубовите одлучат да не играат или, пак, условите не го дозволат тоа тогаш ќе има одлука за прогласување на шампион. Тука нема дилеми дека тоа ќе биде Барселона, но прашање е распоредот на другите тимови за во европските купови.
Околу редоследот би се зел пласманот по завршувањето на првиот дел од сезоната, а се очекува наскоро да биде познато сè и да има точна информација што и како ќе се случува со сезоната во Шпанија.