Арсиќ за 24Ракомет ТВ: Секогаш е убаво да се игра во Македонија, луѓето овде го сакаат ракометот (ВИДЕО)

Голманот на Металопластика Шабац, Дарко Арсиќ, повторно се врати во Македонија, но сега во дрес на друг тим. Некогашниот чувар на мрежата на Металург е предводник на подмладениот тим на поранешниот европски првак. Тој вели дека овие натпревари на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ ќе ги искористи за воигрување пред стартот на новата сезона. Арсиќ се потсети и на времето поминато во Македонија и на убавите моменти. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...