Европскиот првак Барселона до крајот на сезона остана без услугите на левото крило Аитор Арињо, кој мора на операција.
Арињо заработи повреда на коленото, која мора да биде решена со оперативен зафат, и ќе го оддалечи од терените најмалку шест месеци, односно до крајот на сезоната.
Тоа значи дека тренерот Ортега остана само со шведскиот репрезентативец Хампус Ване, а во иднина друштво ќе му прави млад ракометар.
Раководството на каталонскиот гигант нема да бара нов играч, туку ќе го префрли во првиот тим 19-годишниот Марти Солер, кој и минатата сезона повремено беше дел од првиот тим.