Аргентинците се прашуваат: Каков ракометар ќе беше Лео Меси? (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина во неделата со триумфот над Франција по изведувањето на пеналите го освои шампионскиот трофеј на Мундијалот во Катар. Аргентинците, кои на овој Мундијал беа предводени од Лионел Меси, по третпат во својата историја се закитија со златниот медал.

Ракометната федерација на Аргентина, откако фудбалерите го освоија првото место во Катар објави интересна информација за еден од најдобрите фудбалери на светот. Своевремено, Лионел Меси тренирал ракомет на 13 годишна возраст и ракометот го сакал исто како и фудбалот, а по заминувањето во „Ла Масиа“ целосно му се посветил на овој спорт и очигледно не погреши.

Сепак оние што го сакаат ракометот во Аргентина се прашуваат каков ракометар ќе беше тој ако продолжеше да тренира…

Погледнете дел од фотографиите што ги објавија од аргентинската федерација – краткото интервју во кое Меси признава дека го сака ракометот, теренот и првиот тренер по ракомет на големата ѕвезда…