Аргентинецот Виера се сели во Италија

Ракометарот на Адемар и репрезентативец на Аргентина, Федерио Виеира ја напушта Асобал лигата и во новата сезона ќе настапува во првенството на Италија.

Изборот на Виеира е тимот на Сасари, кој се наоѓа на 4. позиција во сезоната која е во прекин.

Се работи за играч кој настапува на позицијата десен бек, кој има 31 година. Зад себе со репрезентацијата на Аргентина има злато од 2011 и сребро од 2015 година од Пан Американските игри. Има и зладен медал од 2018 и бронзен од 2016 година од ракометното првенство на Пан Америка.

Воедно има и сребро од Игрите на Јужна Америка во 2018 година.