Селекцијата на Аргентина ја оствари втората победа во второто коло на Светското првенство во Египет и се пласираше во главната рунда, откако славеше над Бахриен со 24-21.
Се играше гол за гол до 4-4, а потоа јужноамериканскиот ривал ја презема контролата на теренот. Предводени од Пизаро, Аргентинците направија солидна залиха од плус четири. Имаа таква предност во три наврати, но сепак дозволија Бахреин на пауза да замине со поднослива негатива од два погодоци, 12-10.
Во второто полувреме Аргентина стигна до 13-10, но како одминуваше времето така Бахреин се враќаше во игра. Не само што израмни на 15-15, туку потоа со серија од три погодоци поведе со 17-20.
Избраниците на Маноло Каденас не се откажаа по пресвртот на Бахреин и преку Пизаро, Морино и Мартинез израмнија на 20-20 на десетина минути до крајот. Азискиот преставник даде погодок за 20-21 и застана. Се редеа грешките во нападот, а Аргентинците ги казнуваа и на крајот победија со 24-21.
Бахреин ќе има шанса во последното коло со Конго да се бори за последното место во главната рунда.