На првиот дуел меѓу Вардар и Елверум на теренот беа судии од Словенија, а за вториот меч арбитрите ќе бидат од Хрватска.
Се работи за добро познатите Матија Губица и Борис Милошевиќ, кои многупати биле на теренот на екипите кои играат во европските купови.
Веќе вообичаено е делегатите да бидат од Македонија, а за оваа средба е делегиран Марјан Начевски.
На овој дуел кој се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ од 18:45 часот домаќин ќе биде екипата на Елверум.