На средбите од Лигата на Европа кои се играат во вторник и среда, а реваншите една недела подоцна една судиска двојка од Македонија ќе добие можност да се најде на теренот.
Се работи за судиската двојка од Скопје Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Тие се делегирани за реваншот меѓу составите од Русија и Данска. На двобојот на кој ЦСКА Москва ќе го пречека Бјерибрго, Металари и Николовски ќе бидат на терен и ќе ја делат правдата.
Оваа средба се игра на 29 септември од 18:45 часот, а делегат ќе биде Русинот, Олег Тарасиков.