Тимот на Кокс, каде што брани македонскиот голман Јоаким Анѓеловски, ја забележа деветтата побда во финскиот шампионат.
Кокс на домашен терен славеше убедливо против составот на АИФК со 41-24, а на полувремее беше 19-12.
Македонецот Анѓеловски беше на голот на „петлите“ во првото полувреме и успеа да одбрани десет удари на ривалите.
Кокс со девет победи е на врвот на табелата со 18 бода, пред Дикен и БК-46, а следен предизвик за Анѓеловски и соиграчите ќе биде двобојот со Дикен на гостински терен.